ВИДЕО: Испишана историја, клубот на Берлускони за првпат во Серија А

1 min read

Беше април 2017 година кога Силвио Берлускони го продаде Милан за 740 милиони евра, а една година подоцна го купи третолигашот Монца за три милиони евра.

Во 2020 година Монца успеа да стигне до Серија Б по 20 години, а на 29 мај 2022 година, Монца успеа да стигне и до Серија А!

Берлускони заедно со Адријано Галијани го водеа клубот до големи успеси и немојте да се чудите доколку имаат значителна улога, влијание во Серија А следната сезона.

Славјето на Монца дојде дури по 120 минути игра. Во првиот меч Монца славеше со 2:1, во реваншот Пиза со 3:2, а според правилата на Серија Б, во случај на ист резултат во финалните дуели, се играат продолженија.

Монца успеаја да ја совладаат Пиза по продолженијата со конечен резултат 4:3.

Комплетната листа на учесници во италијанската Серија за сезоната 2022/2023: Аталанта, Болоња, Кремонезе, Емполи, Фиорентина, Лече, Верона, Интер, Јувентус, Лацио, Милан, Монца, Наполи, Рома, Салернитана, Сампдорија, Специја, Сасуоло, Торино и Удинезе.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Реал само од резултатите во Лигата на шампионите заработи 125 милиони евра

Следно

Денес се празнува: Светиот апостол Андроник

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian