ВИДЕО: Голем инцидент во Монако, преполовен болидот на Мик Шумахер

1 min read

Возачот на „Хас“, Мик Шумахер доживеа голем инцидент на трката во Формула 1 шампионатот за Големата награда на Монако.

Се возеше 27 круг кога Шумахер изгуби контрола при излегувањето од кривината и удри во спротивната барикада.

Ударот беше силен, но целосно е нејасно како болидот е преполовен. Оваа ситуација ќе се истражува подоцна.

Од болидот беше извлечено буквално сè, но за среќа немаше излевање на бензин. Шумахер излезе неповреден од возилото и за него оваа трка беше завршена.

Во исто време тоа го направи и неговиот клупски колега Кевин Магнусен, но засега не се познати причините за неговото откажување.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЦУК: Екипите на терен се справуваат со невремето

Следно

„Слободен печат“: Општините се „шверцувале“ во тарифата за домаќинства, ЕСМ бара поскапување!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian