Трансродовата танчерка Касандра Кас се смирила со нејзиниот татко откако ја повредил пред повеќе од 20 години со неговиот коментар за нејзината животна одлука.
Кас (41) и Џим (75) имале многу комплицирани односи, вели таа.
„Најголемиот предизвик да се биде жена започна во моето семејство“.
Кас е роден како маж и бил одгледан од самохран татко во Де Мојн, Ајова. Иако на почетокот биле блиски, таа на 16 години открила дека се идентификува како жена, што целосно ја нарушило нивната врска и Џим се одрекол од неа.

Силно ја повредил со зборовите: „Ќе бидеш грда жена“. Тој денеска тврди дека не се сеќава на тие зборови, но таа рекла дека е вистина.
Касандра вели дека се чувствувала беспомошно и сакала да се самоубие. „Татко ми беше самохран татко. Сакав да му се допаднам и да се гордее со мене, а тој всушност ми рече дека тоа нема да се случи“, објасни таа. „Значи, само сакав да ставам крај на моите маки“
Сепак, наместо да си го одземе животот, таа побегнала од дома и почнала да живее во Лос Анџелес. Оттогаш таа има изградено профитабилна кариера како танчерка во бурлеска и реалити ѕвезда.
Меѓутоа, отуѓеноста од нејзиниот татко почнала да ја оптоварува во последните години, а таа сега повторно работи на својата врска.
„Твојот коментар доаѓа од растењето на средниот запад, каде што повеќето луѓе мислат дека сите луѓе како мене се изроди“, му рече Кас на својот татко Џим во шоуто „Truly“, кое неодамна се емитуваше на американска телевизија.
„Зборуваше така бидејќи јас бев твое дете и се плашеше за мене, сигурна сум“, додаде таа со смирен тон сакајќи да се помири и да му прости на својот татко.
Иако сè уште не се испеглани односите, и двајцата активно работат на тоа. „Она што ми е важно сега е семејството“, рече Кас, а Џим потврди дека им било потребно многу време и напор да стигнат до местото каде што се сега, но и дека е потребен поголем напор од двете страни.

Неодамна, Кас размислува да се врати во Ајова и се пошегува дека сака нејзиниот татко да ѝ помогне да најде маж со кој ќе може да се вдоми. „Можеш да ми најдеш убав фармер“, рече танчерката, а татко ѝ се насмеа, што укажуваше на многу подобри односи меѓу нив, по толку години отуѓување.