Свршеницата на Реј Лиота со трогателна порака: Не можевме да се заситиме еден од друг

1 min read

Пред неколку дена, почина актерот Реј Лиота во сон. Со него се простија пријателите, колегите и обожавателите, а сега и неговата верецица Џејси Нитоло.

Почина актерот Реј Лиота

„Мојот живот во последните неколку години беше навистина прекрасен. Реј и јас споделуваме длабока љубов што ќе ја негувам во моето срце засекогаш. Се смеевме секој ден и бевме неразделни, напиша Џејси. Таа додаде дека нивната хемија била дива на најдобар начин.

Таа истакна дека Лиота и бил сè и дека не можеле да се заситат еден од друг.

-Тоа е вистинската љубов за која сонува. Беше најубавата личност што ја познавав, па дури и тоа е потценување – напиша Џејси на албумот фотографии со актерот.

Инаку, парот се вери во декември 2020 година. Лиота од бракот со актерката и продуцентка Мишел Грејс ја има 23-годишната ќерка Карсен, додека Нитоло од бракот со продуцентот Џои Нито има четири деца, синовите Дакс (24), Чаз (22) и Џои (11) и ќерката Џејд ( 19).

Смртта на Лиота предизвика тага ширум светот, а од него деновиве се простија многу колеги и пријатели.

Турбулентниот живот на Реј Лиота, обележан со големи трагедии: Фала богу што бев посвоен…

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фото: Хуманитарна акција во Скопје за помош на бегалците од Украина кои престојуваат во Македонија

Следно

РЕК Битола: Нормализирана е работата на системите за ископ на јаглен и јаловина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian