Стевковски го продолжи договорот со Македонија ЃП

1 min read

Денеска шампионот во Купот на Македонија ја информираше јавноста дека е продолжена соработката со голманот Христијан Стевковски.

Стевковски официјално стави потпис на нов договор со Македонија Ѓорче Петров кој ќе трае до 2024 година.

Чуварот на мрежата беше еден од хероите на екипата во куп финалето против Силекс со два одбранети пенал во пенал серијата.

– Задоволство ми е што го продолжувам договорот и што останувам дел од Лавовите. Се надевам на уште успеси и убави моменти во Ѓорче – вели Стевковски.

Од претходно е познато дека до 2024 година тренер на тимот ќе остане Муарем Бајрами.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

РЕК Битола: Нормализирана е работата на системите за ископ на јаглен и јаловина

Следно

Младата Месечина во Близнаци на 30 мај најмногу ќе влијае на овие хороскопски знаци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian