Спасеновски „бронзен“ на Европското првенство во карате во Турција

1 min read

Голем успех оствари македонскиот каратист Петар Спасеновски освојувајќи го бронзениот медал на Европското првенство во Газиантеп, Турција.

Спасеновски во категоријата до 84 килограми во битката за бронзата триумфираше со резултат 2:0 против домашниот натпреварувач Мурат Оз.

Во претходните борби Спасеновски го совлада лука Ретенбахер од Австрија (3:0), следуваше триумф над Босанецот Мерис Муховиќ, со 3:2 славеше победа против Шпанецот Хосе Рафаел Саенз-Торе, а во полуфиналето со 3:0 загуби од Енес Гарибовиќ.

Во женска конкуренција македонската каратистка Вероника Костовска во борбата за бронзениот медал вокатегоријата до 61 килограм загуби од Французинката Лаура Сивер со 6:3.

На ова 57. по ред Европско првенство учествуваат над 500 натпреварувачи од 45 земји.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

184 сообраќајни прекршоци во Скопје, 38 под дејство на алкохол

Следно

Вкусови од југот на Шпанија: Рецепт за оригинално андалузиско гаспачо

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian