СДСМ: Мицкоски да каже кои градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ правеле злоупотреби со струјата

1 min read

„Христијан Мицкоски преку невешти оправдувања призна дека дел од општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ направиле злоупотреба, формирајќи јавни претпријатија преку кои електричната енергија за улично осветлување од ЕВН ја добиваат по цена за домаќинства“, велат од владејачкиот Социјалдемократски сојуз.

„Мицкоски треба да знае дека АД ЕСМ произведува електрична енергија за граѓаните и стопанството, а не за неговите градоначалници да прават малверзации со струјата на штета на граѓаните. Мицкоски наместо да ги правда да каже кои градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ преку злоупотреби го прекршиле законот и на тој начин предизвикуваат поголемо покачување на цената на електричната енергија. Нервозен е Мицкоски откако се откри дека неговите градоначалници го изиграле законот за да обезбедат поевтино улично осветлување, но и откако се откри дека неговите блиски луѓе направиле малверзации со земјиште каде се проневерени 1,6 милиони евра“, се вели во соопштението од СДСМ.

„Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, останува партија на криминал, малверзации и дејствување на штета на граѓаните и државата“, додаваат од СДСМ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Адел толку се опијанила што заборавила дека е позната: Снимката стана вирален хит

Следно

184 сообраќајни прекршоци во Скопје, 38 под дејство на алкохол

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian