РЕК Битола: Нормализирана е работата на системите за ископ на јаглен и јаловина

1 min read

Работењето на системите во рудникот Суводол на РЕК Битола е нормализирано. По обилните врнежи од дожд кои во петокот и вчера го зафатија рудникот и предизвикаа поплава, ископот на јаглен и јаловина продолжува според планираната динамика, соопшти компанијата.

Увид во нормализирањето на состојбите денес направи генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

„Сакам да упатам голема благодарност до сите вработени во РЕК Битола, особено вработените во рудникот Суводол за пожртвуваноста што ја покажаа изминатите два дена и натчовечките напори што ги вложија за да не трпи производството на електрична енергија. АД ЕСМ како секогаш, така и сега прави се што може за континуирано производство од нашиот најголемиот капацитет”, порача Ковачевски.

И покрај проблемите во работата што ги предизвикаа обилните врнежи од дожд, системите со рудникот Суводол не прекинаа со работа ниту во петокот, ниту за време на викендот. Таму продолжуваат планираните техничко – технолошки зафати за континуиран ископ на јаглен и јаловина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Свршеницата на Реј Лиота со трогателна порака: Не можевме да се заситиме еден од друг

Следно

Стевковски го продолжи договорот со Македонија ЃП

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian