Премиерот Ковачевски го пречека нобеловецот Пол Кругман

1 min read

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Охрид се сретна со добитникот на Нобеловата награда за економија Пол Кругман, професор на Универзитетот Њујорк, кој е во неколкудневна посета на нашата земја, а утре ќе биде говорник на вториот Скопски економски и финансиски форум.

За време на посетата на Охрид, премиерот Ковачевски, заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими, имаа заедничка обиколка на дел од најзначајните културно-историски локации во Охрид.

-Посетата на најзначајните споменични знаменитости во древниот Охрид започна кај Горна порта и Самуиловата тврдина, по што премиерот Ковачевски, министерот Бесими и нобеловецот Кругман ја посетија ранохристијанската базилика во близина на античкиот театар, по што следеше запознавањето со најважните карактеристики на црквата „Св. Софија” и запознавањето со старата градска архитектура во куќата на Робевци, известуваат од Владата.

Обиколката на Охрид, Ковачевски, Бесими и Кругман, ја завршиле со посета на болничките цркви „Св. Богородица” и „Св. Никола” кај Долна Порта.

-Премиерот Ковачевски, министерот за финансии Бесими и професорот и добитник на Нобеловата награда за економија, потоа се задржаа на работен ручек на кој разговараа за темите на Скопскиот економски и финансиски форум, кој оваа година е посветен на темата „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа”, соопштуваат од Владата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Младата Месечина во Близнаци на 30 мај најмногу ќе влијае на овие хороскопски знаци

Следно

Исчезна авион кој полетал од Сплит

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian