Пожар во зграда во Швајцарија, три лица вдишале чад

1 min read

Голем пожар избувна денеска во индустриска зграда во швајцарската општина Шпрајтенбах, во близина на Цирих, соопшти полицијата.

Како што наведе таа, итната помош згрижила три лица кои вдишале чад.

– Не знаеме дали се уште има луѓе во зградата бидејќи во моментов не можеме да влеземе внатре. Чадот е многу густ, а зградата се уште гори, изјави портпаролот на полицијата на кантонот Аргау, Адријан Бири.

Тој истакна дека зградата веројатно се користи како складиште за запаливи материјали за изградба на патишта.

Противпожарната служба се наоѓа на местото на инцидентот, а на оддалеченост од неколку километри е забележан голем облак од чад, објави телевизијата СРФ.

Весникот „Тагесанцајгер“ објави видео и фотографии од облак чад кој се издигнува кон небото.

kurir.mk

Претходно

Камила Кабело ги критикуваше навивачите на Лига на шампионите: Пееја химни за време на мојот настап

Следно

Спасеновски: Бев супер подготвен, убаво се изборив за медал на Европското првенство

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian