Фудбалерите на Реал Мадрид ја прославија 14 титула освојувач на Лигата на шампионите, а секако меѓу најсреќните беше и претседателот на „кралскиот“ клуб, Флорентино Перез.
По победата од 1:0 против Ливерпул, Перез на шпанските новинари гласно им порача:
– Ја славиме одличната сезона на Реал. Ние сме шампиони на Шпанија и победници на Лигата на шампионите. Мбапе? Веќе е заборавен – рече Перез, кој на тој начин стави до знаење што мисли барем во овие славенички моменти за нереализираниот трансфер.
Имено, Килијан Мбапе од следната сезона се најавуваше многупати дека ќе биде ново засилување на Реал, но еден од најдобрите напаѓачи на светот одлучи одлучи да остане во ПСЖ.
– Реал секогаш ќе се труди да ги доведе најдобрите играчи. Така беше и порано, така ќе биде и во иднина. Но, сега навистина темата не е некој што требаше да го донесеме или се откажал од нас. Време е за славење, бидејќи на сето ова работевме напорно – се зборовите на Перез.