Женскиот ракометен клуб Ѓорѓе Петров е новиот шампион на Македонија, откако во последното коло од шампионатот го совлада освојувачот на Купот Металург со 25:19.
Наследникот на славниот Кометал го освои само првиот трофеј под новото име, а вкупно 18-ти кога ќе се земе и славната историја на поранешниот европски првак.
Последната титула во првенството Ѓорче Петров ја освои во натпреварувачката сезона 2008/2009.
Предводени од тренерот Симовски од клупата, ја освоија првата позиција на табелата со три бода повеќе од Куманово кој го бранеше трофејот освоен лани.
ТАБЕЛА, плеј-оф
1. Ѓорѓи Петров ЖРК 39 бодови
2. Куманово 36
3. Металург 33
4. Вардар 28
5. Чаир 21
6. Деспина 8
7. Стружанка 7
8. Пелистер 2012 7