МЗТ Скопје е првиот финалист, Еуро Никел израмни против Пелистер

1 min read

И по вторпат во полуфиналето, играчите на МЗТ Скопје беа подобри од ТФТ на гостински терен со резултат 92:82 за конечни 2:0 во плеј-оф серијата од Првата македонска лига.

Аеродромци се првите финалисти во шампионатот, ќе ја бранат титулата, а против кого, ќе се знае по одигрувањето на мајсторката меѓу Пелистер и Еуро Никел.

Кавадарчани израмнија на 1:1 на домашен терен предводени од Американецот Џордан Калахан кој постигна 17 поени, запиша девет асистенции и пет скока. А кај битолчани доминираше српскиот интернационалец Никола Малешевиќ кој реализираше 23 поени.

МЗТ 10 пат по ред, а вкупно 16-ти во клупската историја, ќе игра во финалето од домашното првенство.

„Металците“ не дозволија изненадување во СРЦ „Кале“, па со добра напаѓачка игра во најголемиот дел од средбата, а со одлична дефанзива во второто полувреме, дојдоа до посакуваниот триумф и тоа на убедлив начин. Со две идентични серии 11:4 го решија мечот, со оглед што најнапред се одвоија на 53:47, а потоа стекнаа и највисоки „плус 14“ (76:62).

Во втората победа на ТФТ Бре Ајви беше најефикасен 18 поени (пет скока, седум асистенции), а на спротивната страна се истакна уште еден Американец, Ландриус Хортон со 19 коша.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Познати националностите на пилотот и патниците во исчезнатиот авион во Хрватска

Следно

Староримски хороскоп: Која птица сте според месецот на раѓање и што значи тоа?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian