Исчезна авион кој полетал од Сплит

1 min read

Хрватската полиција денеска претпладне доби дојава од Управата за цивилна заштита дека од радарот на Хрватската служба за воздухопловна навигација во 11,25 часот исчезнал авион од типот „Цесна 182″ на поширокото подрачје на Слуњ.

Авионот летал од правец на Сплит кон Германија. Засега не е соопштено колку патници се наоѓале во леталото.

Веднаш по пријавата, во истрагата на теренот се вклучиле 34 полицајци, меѓу кои и припадници на специјалната и интервентната полиција, како и 28 припадници на Хрватската планинска спасувачка служба кои користат дрон во потрагата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Премиерот Ковачевски го пречека нобеловецот Пол Кругман

Следно

Почина актерот Бо Хопкинс

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian