ЦУК: Екипите на терен се справуваат со невремето

1 min read

Граѓаните пријавуваат на единствениот повикувачки број за итни случаи 112, а и на 195 за сега поплавени подруми, приземја од куќи, објекти и бараат помош за испумпување на вода. Тоа се информации од Тетовско, Скопско и сега во моментот и во Кумановско има слични пријави. Потоа има пријави за паднати дрвја и бандери.

Во Скопско има пријава за свлечиште и урнат потпорен ѕид кај скопската населба Пинтија.

Центарот за управување со кризи преку дежурниот оперативен центар во ЦУК по пријава на граѓаните на 112 и 195, веднаш ги иницира надлежните локални институции од Системот за управување со кризи што се надлежни за постапување при вакви ситуации: Противпожарните сили, ДЗС, Улица и патишта на Град Скопје и други институции што се координираат локално и согласно ситуација и потреби, како на пример како во случајов што се ангажира и ЕВН за исклучување на струјата таму каде што каблите се во контакт со водата каде што се дејствува за да се исцрпи.

Полицијата на терен го обезбедува и регулира сообраќајот на сите критични точки каде што е можно, додаваат од ЦУК.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Триаголник на тагата“ на Роберт Ослунд ја освои Златната палма на Канскиот филмски фестивал

Следно

ВИДЕО: Голем инцидент во Монако, преполовен болидот на Мик Шумахер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian