Адел толку се опијанила што заборавила дека е позната: Снимката стана вирален хит

2 mins read

Иако видеото е направено за време во февруари, неодамна истото стана хит на „ТикТок“ на кое се гледа светски познатата пејачка Адел која за момент заборави дека е позната.

Видеото е снимено на забава во ноќниот клуб „Heaven“ во Лондон, а тоа несомнено е едно од ретките појавувања на Адел под дејство на алкохол, откако јавно објави дека ќе престане да пие во октомври 2021 година. Иако се објавени неколку видеа на кои пејачката е во алкохолизирана состојба, ова посебно се издвојува затоа што Адел изгледа дека заборави дека е позната.

Како што се гледа од видеото, Адел се наведнува од ВИП делот во клубот и збунето прашува група луѓе на подиумот: „Како сите зошто сите одеднаш знаат дека сум тука?“

@lifeoflaparties Adele Forgot That She Was A Celebrity 🥃🍸#adele #partying #drinking ♬ original sound – Party With Betts 🎥

Кон крајот на минатата година, пејачката за американското издание на „Vogue“ зборуваше за проблемите со алкохолот и изјави дека страда од анксиозност по мамурлакот и дека тоа за првпат станало проблем за време на изолација.

„Секогаш сум малку мамурна во понеделник наутро. Почнав да се ​​опивам се порано и порано“, изјави тогаш. „Паѓав додека се обидував да излезам од задната врата на барот, не низ предната. Потоа се сеќавам дека се разбудив со најлошиот мамурлак“, додаде Адел.

Претходно истата вечер, Адел беше во емисијата на Греам Нортон на „BBC“, каде разговараше со познатиот водител за животот по објавувањето на нејзиниот албум „30“, како и за доделувањето на „BRIT“ наградите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Клоп: Резервирајте хотел за финалето во Истанбул 2023

Следно

СДСМ: Мицкоски да каже кои градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ правеле злоупотреби со струјата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian