ЗЕЛС ќе заседава по обвинувањата дека општините трошеле евтина струја

1 min read

Здружението на единиците на локална самоуправа од понеделник најавува средба за формирање став, по објавата на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски дека некои општини формираат јавни претпријатија за осветлување за да плаќаат поевтина субвенционирана струја, наместо по пазарни цени.

Тоа се наведува и како причина за најавено поскапување на електричната енергија за домаќинствата посочи минатата недела Бислимоски.

Според него за само 3 месеци општините за да си ги скусат трошоците за струја формирале јавни претпријатија преку кои си обезбедувале струја по цена за домаќинствата и направиле долг од 30 милиони евра.

 

– Пред да почнат да ги разгледуваат пресметките на трошоците од енергетските компании, веќе на граѓаните им се заканува раст од минимум 10%, поради малверзaции кои ги прават дел од општините, изјави претседателот на Регулаторна Бислимоски.

Тој додаде дека се бара начин како да не го вкалкулира ова во новата цена која ќе треба да ја плаќаат граѓаните од први јули.

– Измислуваат разно разни финти за да се вратат назад на регулираниот пазар на електрична енергија и заради тоа, само за првите четири месеци имаме трошок од 30 милиони евра. Верувам дека ќе се објават кои се тие општини и граѓаните да знаат дека општините не се грижат за нив, рече Бислимоски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хелен Мирен и Енди Мекдауел воодушевија на Канскиот филмски фестивал: Заиграа на црвениот килим

Следно

На Малта регистриран прв случај на заболен со мајмунски сипаници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian