Судиката Пени Азкарате го предаде случајот на Џони Деп и Амбер Херд во рацете на поротниците, а тие во наредните денови ќе ги разгледуваат доказите и во вторник ќе пристигнат на расправата.

Пред судот во Вирџинија, САД вчера владеела бурна атмосфера – врисоци, најразлични слогани и постери од обожавателите на Џони Деп и помал дел од нив кои ја поддржуваат Амбер Херд. Милиони луѓе го следат судењето на славните поранешни сопружници на стриминг и секое движење, збор на Херд и Џеп, сведоците и/или адвокатите се анализира и дискутира на социјалните мрежи.

Вчера беше последниот ден од расправата на судењето на кое Џони Деп ја тужи својата поранешна сопруга Амбер Херд за клевета, таа пак, го обивинува за семејно насилство. Адвокатите на двете странки имаа завршни зборови, кои имаа по два часа да сумираат се што досега се разоткрило по десетици часа сведочење и шест недели жестоки меѓусебни обвинувања меѓу Деп и Херд.
„Вратете му го животот на Џони Деп“, побара од поротата адвокатката Камила Васкез, барајќи правда за нејзиниот клиент поради тоа што Амбер Херд се обидела да го „прелаже“ целиот свет дека е жртва на семејно насилство.

Деп вели дека никогаш не ја удрил Херд и дека таа ги измислила наводите за злоставување за да започне со постапката за развод. Тој рече и дека често бил физички нападнат од Херд.
„Во оваа судница има насилник, но тоа не е г-дин Деп“, заклучи адвокатката Васкез. „Има жртва на семејно насилство, но тоа не е Херд“, посочи таа, истакнувајќи дека се навршуваат шест години од 27 мај 2016 година, денот кога Амбер „лажно го обвини“ Џони, барајќи од судот наредба да му го ограничи пристапот до неа.

Деп бара отштета од својата поранешна сопруга во вредност од 50 милиони долари за написот во „Вашингтон пост“ кој беше објавен во декември 2018 година, во кој актерката се опиша себеси како јавна личност која е жртва на семејно насилство. Иако беше јасно за кој зборува во написот, таа не во ниту еден момент во текстот не го спомна Џони Деп. Адвокатскиот тим на тужителот тврди дека Деп бил оцрнет, а со тоа и неговата кариера.
Амбер Херд поднесе противтужба од 100 милиони долари и тврди дека нејзиниот поранешен сопруг и еден од неговите адвокати, Адам Волдман, се обидуваат да ја уништат нејзината кариера.