ВИДЕО| Очаен навивач на Ливерпул: Не сакам да го гледам финалето, сакам да си одам дома

2 mins read

Почетокот на финалето од Лигата на шампионите што се игра на стадионот „Франција“ во Париз“ доцнеше половина час, а главна причина беше тоталниот хаос што го направија навивачите на Ливерпул пред стадионот.

Неколку илјади навивачи на Ливерпул наводно без билети влегле на стадионот откако претходно се искачиле и ја поминале оградата висока три метри.

Англиските медиуми пишуваат дека пред стадионот атмосферата била хаотична бидејќи само одреден број влезови биле отворени и дека многу навивачи на Ливерпул не можеле да влезат на стадионот. Полицијата за да воведе ред користела солзавец.

Еден навивач кој успеал да влезе на стадионот, во хаосот го загубил својот брат и не сака да го следи натпреварот.

– За малку ќе заплачев додека влегов. Сега не сакам ниту да го гледам финалето на Лигата на шампионите. Сакам да си одам дома – изјави навивач на Ливерпул.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ќерката на Анџелина Џоли наполни 16 години: Шајло порасна пред очите на јавноста

Следно

ФОТО | Првата трансродова кукла во чест на Лаверн Кокс: Барби ги поместува границите

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл – во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија, Македонија прифатила дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден

MacedonianEnglishAlbanian