ВИДЕО | Хероина: Мајка во последен момент ја спаси својата ќерка од мечка

1 min read

Една жена од Вашингтон, САД благодарение на нејзината навремена и храбра акција го спасила своето дете од сигурна смрт.

На видеото од безбедносната камера, кое во меѓувреме собра околу 3,2 милиони прегледи на „ТикТок“ се гледа оваа страшна ситуација која ја замрзнува крвта во вените.

Имено, девојчето излегува низ вратата од куќата и тргнува кон дворот, кога во кадарот се појавува нејзината мајка неколку чекори зад неа. Забележала дека девојчето здогледало нешто кај оградата и возбудена се упатило да види што е тоа. Кога сфатила дека се работи за црна мечка, мајката без двоумење истрчала по малото девојче, ја грабнала и ја однела дома.

„Се исплашив и почнав да пцујам“, изјави Саманта Мартин за „Storyful“ за инцидент што ја преплаши онлајн заедницата.

Според Саманта, нејзината ќерка по име Џунипер неодамна прочитала книга за препознавање животни и заклучила дека мечките ѝ се омилени.

„Не знаев каде е неговата мајка и како ќе се однесува ако две човечки суштества трчаат кон нејзиното бебе“, вели мајката, објаснувајќи дека иако станувало збор за младенче мечка, сепак било опасно.

За среќа, сè завршило добро, а малото девојче засекогаш ќе го има споменот на релативно блиската средба со омиленото животно.

@remi_lynn8 Full video, cause people kept asking 😅@Melissa C ♬ original sound – Remi

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Стартот на големото финале ќе доцни 15 минути, навивачи на Ливерпул без билети се обиделе да влезат на стадионот

Следно

Забрчанец: Со Отворен Балкан стануваме пазар од 12 милиони жители и голема инвестициска зона

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian