Турбулентниот живот на Реј Лиота, обележан со големи трагедии: Фала богу што бев посвоен…

5 mins read

Светот пред два го потресе веста дека познатиот актер Реј Лиота починал во сон на 68-годишна возраст. Само неколку дена претходно тој најави голем проект во кој требаше да учествува.

Почина актерот Реј Лиота

Засега не е позната причината за смртта, а познатиот актер бил пронајден мртов во хотелска соба во Доминиканската Република, каде го снимал филмот „Dangerous Waters“. Зад себе ја остави свршеницата Џеси Нитоло со која наскоро требаше да се ожени, како и ќерката Карсен.

Колегите и пријателите се простуваат од големиот Реј Лиота

Инаку, Лиота, кој е најпознат по улогата на Хенри Хил во криминалистичката драма „Goodfellas“, во животот имал многу тешки моменти. Иако во текот на неговата повеќе од успешна кариера глумел во повеќе од 120 филмови, кога е во прашање неговото детство, за жал немал толку добри спомени.

Мајка му го оставила кога имал само 6 месеци, а кога подоцна бил посвоен, бидејќи неговите нови родители сакале да имаат две деца, го вратиле во сиропиталиштето за да може да си „одбере“ сестра. Изборот паднал на Линда, со која бил многу близок, а подоцна, кога пораснал, ангажирал приватен детектив да ја пронајде неговата биолошка мајка.

Тој веќе бил зрел човек кога дозна дека таа е жива, дека семејството е со шкотско, а не италијанско потекло, како што мислел дотогаш. Дознал и дека има пет полусестри и еден полубрат. Подоцна нивниот состанок во една прилика го нарече „разочарувачки“, велејќи „фала богу што бев посвоен“.

„Порано постојано се прашував како некој може да се откаже од своето дете, но кога ја запознав сфатив дека имала навистина добри причини. Тогаш сфатив дека за речиси 99 отсто од децата кои се посвоени, тоа било за нивно добро“, рече Реј во 2014 година за време на гостувањето во шоуто со Лери Кинг.

Во 1990 година, Реј се соочил со уште една загуба, неговата посвоена мајка му починала на раце. Таа била болна од рак, а тој заминал од сетот за да може да ја види само уште еднаш. Но, и покрај тешките моменти во семејниот живот, Реј успеа да постигне завидна кариера со низа улоги низ своето децениско актерско искуство.

Лиота се омажи само еднаш и тоа со актерката Мишел Грејс, со која ја добија ќерката Карсен, која сега и самата е актерка.

По разводот во 2004 година, извесно време бил сам, а потоа се дозна дека е во врска со фризеркта Џеси Нитоло. Во неколку прилики ја нарече љубовта на неговиот живот. Таа била со него во Доминиканската Република кога тој починал во сон.

Реј и Џеси се запознале преку нивните деца, неговата ќерка и нејзиниот син биле заедно на некоја прослава и почнале да се шегуваат за тоа дека треба да ги запознаат нивните родители, им закажале средба и нивната романса започнала непосредно пред пандемијата на коронавирусот. Иако се чини дека не брзале да застанат пред олтар, сепак извори блиски до актерот за странските медиму изјавија дека Реј и Џеси планирале да се венчаат оваа година…

Реј, кој во текот на својата кариера важеше за еден од најголемите холивудски заводници, неколку пати имаше проблеми со законот. Во 2007 година, тој беше уапсен под сомнение дека возел под дејство на алкохол и дрога, откако со својот автомобил удрил во две паркирани возила. Актерот беше ослободен од притвор откако плати кауција од 15.000 долари. Проблемите со прекумерното консумирање алкохол не престанаа да го следат, па во 2016 година се појави во британското шоу „Good Morning Britain“ каде делуваше дезориентирано и збунето, што покрена шпекулации дека бил пијан за време на гостувањето.

Лиота често беше мета на критики поради тоа што често посегнуваше по ботокс и филери, иако тоа не сакаше да го признае.

Во последните години работеше на голем број нови проекти како „The Many Saints of Newark“, „Marriage Story“ и „No Sudden Move“. Неодамна го заврши снимањето на „Cocaine Bear“, а требаше да се појави и во „The Substance“ со Деми Мур.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Суеверните „кралеви“ пред секое финале во ЛШ имаат исти ритуали, а ефектот е победа на седум финалиња по ред

Следно

АНАЛИЗА | САД ја ставаат во погон булдожер-дипломатијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian