Суеверните „кралеви“ пред секое финале во ЛШ имаат исти ритуали, а ефектот е победа на седум финалиња по ред

1 min read

Реал Мадрид е најтрофејна европска екипа со 14 титули тримфи во Лигата на шампионите и поранешниот Куп на европски шампион, а речиси неверојатно делува податокот дека „кралскиот клуб“ победи на последните седум финални натпревари.

Весникот „Марка“ објави дека фудбалерите на Реал Мадрид имаат ритуал пред секое финале што го играат во Лигата на шампионите и кој досега дава резултати. Весникот пишува дека станува збор за шест ритуали кои не се менуваат веќе неколку децении.

Првиот ритуал е наводно никогаш да не се зборува за прослава пред да се победи во финалето. Чинот на прослава се крие се до последниот момент.

На прес-конференциите не се појавува фудбалер откако екипата загубила во ЛШ. Сезонава, Карим Бензема редовно зборуваше пред новинарите се до натпреварот против ПСЖ во кој Реал загуби. Потоа, неговата улога ја презедоа Тибо Куртоа и Марсело.

Управата на Реал Мадрид секогаш изнајмува авион за роднините и семејствата на фудбалери, пријателите на клубот, почесните членови, навивачите и јавните личности.

Фудбалерите на Реал Мадрид на теренот секогаш излегуваат со транспарент. На вечерашниот транспарент ќе биде напишано „Hasta el final, vamos Real”, што значи „До самиот крај, Напред Реал“.

Секогаш кога Реал Мадрид игра важни натпревари, Тони Крос последен излегува од автобусот.

Екипажот во авионот со кој патува екипата мора да биде ист, така беше и пред финалињата кое се играа во Лисабон, Милано и Кардиф.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дали лакот за нокти е штетен за здравјето на децата?

Следно

Турбулентниот живот на Реј Лиота, обележан со големи трагедии: Фала богу што бев посвоен…

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian