Суарез пред кам-бек во Премиер лигата, Џерард го кани во Астон Вила

1 min read

Уругвајскиот репрезентативец повторно би можел да се врати во Премиер лигата и да игра за екипата на Астон Вила.

Според англиските медиуми, Суарез разговарал со Стивен Џерард со кого играа заедно во Ливерпул, а Англичанецот сега е менаџер на Астон Вила и го повикал да му се придружи во Бирмингем.

Астон Вила веќе договори три засилувања за следната сезона, го откупи договорот на Фелипе Кутињо од Барселона, додека Бубакар Камара доаѓа како слободен играл од Олимпик Марсеј, а третото засилување е играчот на Севиља, Диего Карлос.

Парите од продажбата на Џек Грилиш во Манчестер сити, Астон Вила ги искористи на најдобар начин, минатата година ги донесе Дани Ингс, Оли Воткинс и Леон Бејли, во јануари беше ангажиран Лукас Диње, а сега покрај Камара и Карлос, треба да пристигне и Луис Суарез со што екипата следната сезона би се вклучила во битката за позиции на табелата кои носат пласман во европските натпреварувања.

Луис Суарез од 2011 до 2014 година настапуваше во Премиер лигата и тоа за екипата на Ливерпул кога беше соиграч со Џерард и Кутињо, а летово стана слободен играч откако му истече договорот со Атлетико Мадрид.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Новиот словенечки премиер ги избира соработниците со тестови за мотивација

Следно

„Кога ќе ги земам, се чувствувам како да ми ги позајмиле“: Канје Вест запеа за неговите деца

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian