Стартот на големото финале ќе доцни 15 минути, навивачи на Ливерпул без билети се обиделе да влезат на стадионот

1 min read

Фудбалскиот спектакл со кој ќе биде спуштена завесата во европскиот фудбал, финалето во Лигата на шампионите ќе започне 15 минути подоцна.

Фудбалерите на Реал Мадрид и на Ливерпул наместо во 21 часот, битката за трофејот ќе ја започнат во 21.15 часот.

Засега организаторот не ја објавува вистинската причина за доцнењето на стартот на натпреварот кој треба да се игра на стадионот “Франција“ во Париз, но на социјалните мрежи се појавија информации дека причина за доцнењето се навивачите на Ливерпул и нивните обиди без билети да влезат на стадионот.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Белград одржан антивоен собир, побарано Русија да повлече од Србија 4.036 разузнавачи

Следно

ВИДЕО | Хероина: Мајка во последен момент ја спаси својата ќерка од мечка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian