Во првото тримесечје од 2022 година, во Македонија се евидентирани 4.009 живородени деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е зголемен за 2,9 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во првиот квартал од годинава умреле 7.427 лица, што е зголемување од 7,2 отсто во однос истото тримесечје од 2021 година. Од починатите, 12 се доенчиња.
Природниот прираст е -3.418, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во ова тримесечје од годината се склучени 2.468 бракови и нивниот број е помал за 8,4 отсто во споредба со истиот период од 2021 година. Во истиот период се добиени 459 извештаи за разведени бракови.