Поплава во Суводол по вчерашното невреме, ископот на јаглен продолжува отежнато

2 mins read

Силното невреме од дожд и град предизвика поплави и големи сливови на вода во рудникот Суводол, од каде се носат најголемите количини јаглен за РЕК Битола, информираат од енергетскиот комбинат.

– Силното невреме кое вчера го зафати подрачјето на рудникот предизвика големи дотоци во откопното поле и на позициите каде се лоцирани големите багери и системи за транспортирање на јагленот. Комбинатот во моментот работи со сите човечки и технички ресурси кои ги поседува на санација на состојбата и на непречен ископ на јаглен, кој сепак се одвива под отежнати услови – се вели во соопштението од РЕК Битола.

Раководителот на производство во Рудници-РЕК Битола, Димитар Петковски, изјави дека се работи во тешки услови и дека вработените уште од вчера се распределени на вонредни задачи во очекување на невремето и врнежите, кои според прогнозата ќе продолжат и во текот на викендот.

– Ископувањето на јаловината и јагленот и натаму течат, отежнато, но течат, процесот на ископ на јаглен не е запрен и правиме се да се справиме со големите дотоци на вода во наоѓалиштата – изјави Петковски.

Од комбинатото додаваат дека РЕК Битола има негативни искуства со силни врнежи во рудниците. Пред две години силно невреме и дожд целосно ги поплавија откопните полиња со јаглен и ги парализираа багерите и другата механизација, по што беше потребно подолго време за испумпување на водата и настанатата кал, за  да се овозможи пристап и да се врати процесот за ископување јаглен.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Во судницата има насилник, но тоа не е Џони Деп“: Случајот е во рацете на поротниците

Следно

Првиот брод влезе во пристаништето Мариупол

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian