Перишиќ се сели во Лондон

1 min read

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ одлучи кариерата да ја продолжи во Премиер лигата и тоа во екипата на Тотенхем, пишува италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

Романо тврди дека се е договорено помеѓу екипите на Тотенхем и Интер, а наскоро трансферот треба да биде официјализиран. Лекарските прегледи треба да се извршат в понеделник во Лондон, по што Перишиќ и официјално ќе стави потпис на двегодишниот договор со Тотенхем.

Хрватот во Тотенхем доаѓа на инсистирање на Антонио Конте кој му беше тренер на Перишиќ во Интер кога „нераѕурите“ ја освоија шампионската титула во Серија А.

Перишиќ за Интер настапува од 2015 година и во 254 натпревари во сите натпреварувања и постигна 55 голови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

СДСМ: Обвинети во „Криминални парцели“ биле донатори на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска

Следно

Венера во Бик: Трансформација на односите за многу хороскопски знаци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian