На Малта регистриран прв случај на заболен со мајмунски сипаници

1 min read

Министерството за здравство на Малта денеска соопшти дека во таа земја е забележан првиот случај на мајмунски сипаници. Маж на возраст од 38 години, кој неодамна престојувал во една од земјите погодени од епидемијата на мајмунски сипаници, е во домашна изолација со благи симптоми. Малтешките здравствени власти ги повикуваат граѓаните да одржуваат добра хигиена.

Оваа недела, министерот за здравство на Малта, Крис Ферн, рече дека тие сипаници не се „уште еден ковид“ и истакна дека властите се добро подготвени да се справат во случај на избувнување епидемија.

kurir.mk

Претходно

ЗЕЛС ќе заседава по обвинувањата дека општините трошеле евтина струја

Следно

Во Белград одржан антивоен собир, побарано Русија да повлече од Србија 4.036 разузнавачи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian