Макрон и Шолц го повикаа Путин да ослободи 2.500 борци од Азовстал

1 min read

Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц побараа денеска од рускиот Владимир Путин да ослободи 2.500 украински борци заробени во фабриката за челик Азовстал во Мариупол.

„Претседателот на Републиката и германскиот канцелар побараа ослободување на околу 2.500 бранители на Азовстал, воени заробеници од страна на руските сили“, соопшти француското претседателство по телефонскиот разговор меѓу тројцата лидери.

kurir.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Се ожени синот на Драган Спасов Дац: Уникатен брачен пар

Следно

Вулин: Србија нема да воведува санкции кон Русија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian