„Кога ќе ги земам, се чувствувам како да ми ги позајмиле“: Канје Вест запеа за неговите деца

1 min read

Канје Вест во неговиот нов сингл насловен „New Love“ се осврнува се на тоа како се воспитуваат неговите четири деца со Ким Кардашијан...

Песната беше објавена во четвртокот вечерта, и додека истата како целина ги истражува борбите да се биде во врска и да се одржи љубовта, Је во својот прв стих се жали за тоа дека не поминува доволно време со своите деца како што сака. „Кога ќе ги земам, се чувствувам како да ми ги позајмиле“ – е еден од стиховите . Раперот речиси прави да звучи како децата да не можат да го видат дури и ако сакаат…

Ким му се извини на своето семејство во најновата епизода на реалното шоу „The Kardashians“ за сите напади што Канје ги направил кон нив во последно време, преку музика – како во неговата песна „Eazy“, каде што го споменува и Пит Дејвидсон.

Канје очигледно никогаш не си го гризнал јазикот, особено кога станува збор за неговите деца. Да потсетиме, тој и Ким пред неколку месеци се расправале поради тоа што нивната 8-годишна ќерка Норт Вест користи социјални мрежи. Ким и Канје се родители на Норт (8), Сент (6), Чикаго (4), и Псалм (3).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Суарез пред кам-бек во Премиер лигата, Џерард го кани во Астон Вила

Следно

АД ЕСМ: Мицкоски покажува незнаење од неочекувани размери за производството на струја

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian