Клоп: Историјата на Реал Мадрид не може да се купи, тие се фаворити

2 mins read

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, во пресрет на вечерашното финале во Лигата на шампионите против Реал Мадрид, порача дека „кралскиот“ клуб е фаворит.

Германецот смета искуството што го има Реал Мадрид со 14 освоени титули европски шампион, како и начинот на кој обезбеди пласман во финалето, со победи во последните моменти од натпреварите против ПСЖ, Челси и Манчестер сити, претставува предност пред вечерашниот натпревар.

– Размислувам само за натпреварот и како да ја подготвам екипата за тоа што ни претстои. Не можеме да го купиме искуството на Реал Мадрид. Некои фудбалери на Реал што ќе настапат вечерва имат четири титули во Лигата на шампионите, тренерот исто така има трофеи – вели Клоп.

Германецот кој седи на клупата на Ливерпул, зборуваше и за финалето што пред четири години се играше во Киев и во кое Реал славеше во 3:1. На тој натпревар,најдобриот фудбалер на Ливерпул, Мохамед Салах мораше предвреме да го напушти натпреварот поради повредата која ја здоби во дуелот со Серхио Рамос.

– За Салах тоа финале беше многу емотивно. Се повреди на тој натпревар и ја разбирам неговата мотивација за вечерашниот дуел. Одмаздата не е единствената работа која не тера напред, гледањето на тој натпревар нема да ни донесе ништо добро бидејќи многу несреќни работи се случија тогаш – грешките на голманот, повредата на Салах, проблемите на останатите играчи… Оваа сезона беше неверојатна за нас иако ќе „ни судат“ по исходот од вечерашното финале Историјата вели дека Реал Мадрид е фаворит, но доколку ја играме нашата игра, тогаш се е можно. Атмосферата во екипата е одлчна, сите живееме за ова финале – додава Клоп.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ковачевски: Со патот Извор – Гарски мост ги поврзуваме Кичево и Дебар со албанската граница

Следно

„Во судницата има насилник, но тоа не е Џони Деп“: Случајот е во рацете на поротниците

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian