Кина ги ублажува мерките против епидемијата со Ковид-19 во Пекинг

1 min read

Во делови на Пекинг каде што се смета дека ризикот од ширење на коронавирусoт е помало, градските власти, како што е најавено денеска, ќе ги ублажат антиепидемиските мерки за да овозможат враќање на нормалниот живот.

Властите во главниот град на Кина најавија делумна замена на работата од дома со одење на работа во два градски окрузи. Јавниот превоз, вклучувајќи автобуси, такси и метро, ​​ќе продолжи да работи во три области на Пекинг, а некои трговски центри ќе започнат со работа.

Сепак, градските власти се уште нема да дозволат отворање на училишта, како и работа на интернет кафулиња и караоке барови. Во из минатата недела во Пекинг се пријавени 1.716 случаи на инфекција со Ковид-19.

kurir.mk

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Поплавата во Суводол е заради неискуство, нестручност и непочитување на рударската документација 

Следно

Почина поранешниот албански претседател Бујар Нишани

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian