ФОТО+ВИДЕО | Се ожени синот на Драган Спасов Дац: Уникатен брачен пар

1 min read

Неодамна актерот и музичар Драган Спасов Дац ја сподели среќната вест дека уште една свадбена прослава е на повидок во семејството Спасови. Постариот син на актерот, Јаков се верил, а по тој повод Дац се огласи на неговиот фејсбук-профил.

„Добив уште една ќерка, тоа е мојата снашка Софија! Љубов во неограничени количини“, напиша актерот во таа прилика.

јаков спасов
Фото: Принтскрин/Инстаграм

Па, вчера Јаков стапи во брак со својата избраничка Софија. Свадбената прослава се одржа во познат скопски ресторан со добра музика, убави гости, многу насмевки и танцување.

јаков спасов
Новиот брачен пар / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Забавата, секако, не можела да помине без легендарното дуо Дац и Александар Митевски кои застанале на сцена и отсвирале дел од нивните хитови.

Новиот брачен пар со својот моден избор покажа доза на уникатност, особено невестата. Убавата Софија за својот свадбен ден се одлучила за кратки панталони од светкав материјал и топ во црно бело боја. Изгледот го заокружила со елегантни високи потпетици (кои подоцна ги заменила со бели патики) и лелеава бела полунаметка со тул.

јаков спасов
Новиот брачен пар / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Младоженецот Јаков беше облечен во елегантен костум со интересен дезен. А покрај младите и нивните семејства беа прекрано стлизирани.

Честитки!

Дац со синовите / Фото: Принтскрин/Фејсбук
јаков спасов
Новиот брачен пар / Фото: Принтскрин/Инстаграм
јаков спасов
Новиот брачен пар / Фото: Принтскрин/Инстаграм
Новиот брачен пар / Фото: Принтскрин/Инстаграм

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Одбојкарите нема сили за пресврт, загубија во пет сета на гостувањето кај Романија

Следно

Макрон и Шолц го повикаа Путин да ослободи 2.500 борци од Азовстал

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian