Ќерката на Анџелина Џоли наполни 16 години: Шајло порасна пред очите на јавноста

2 mins read

Ако се сеќавате на медиумското лудило околу раѓањето на биолошкото првороденче на Анџелина Џоли и Бред Пит во Намибија, Африка, вeројатно ќе се чувствувате остарени, бидејќи Шајло Џоли-Пит вчера наполни 16 години.

Изминатата година тинејџерката, која порасна пред очите на јавноста го трансформираше нејзиниот стил и нејзините видеа на кои танцува станаа вирални на социјалните мрежи, а беше и на хуманитарна авантура во Камбоџа…

Минатата година беше голема година за Шајло, која покажа сосема нов изглед на меѓународните филмски премиери на филмот „Eternals“. Како ќерка на две од најголемите филмски ѕвезди во светот, таа не помина незабележано на црвениот тепих, но нејзината екстремна промена беше она што го привлече вниманието на јавноста.

Присуствувајќи на премиерите во Лондон, Рим и Лос Анџелес, ќерката на Бред и Анџелина ги замени своите костуми кои ѝ беа заштитен знак со огромна доза на елегантност.

Но, по завршувањето на официјалните настани, таа си се враќа на нејзините омилени модни парчиња – удобна облека претежно во црна боја.

&

;

Во мај, Шајло беше фотографирана пред „Старбакс“ во Калифорнија, САД како пие кафе и многумина веднаш ја забележаа суптилната промена на нејзината коса. Како и многу тинејџерки на нејзина возраст, таа почнала да експериментира со бојата на косата.

Во февруари, Анџелина на својот инстаграм-профил сподели фотографија со Шајло во Камбоџа, откривајќи детали за работното патување на кое заминале заедно за да ја поддржат Фондацијата Медокс Џоли Пит.

„Неколку дена во Камбоџа меѓу топлото локално население, чувствувам дека душата ми се опоравува“, напиша Анџелина во описот на фотографијата. „Ова отсекогаш била посебна земја за мене и нашето семејство“, додаде таа.

Се разбира, Анџелина го посвои синот Медокс од Камбоџа, но наместо тоа, овој пат ја зеде и Шајло, бидејќи тој моментално студира на Универзитетот Јонсеи во Јужна Кореја.

Шајло за првпат беше забележана во студио за танц во февруари 2021 година, што предизвика шпекулации дека можеби е заинтересирана да се приклучи на забавната индустрија како нејзините познати родители. Оттогаш, тинејџерката посетува часови по танц во Лос Анџелес.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Неколку илјади навивачи на Ливерпул без билети влегле на стадионот во Париз

Следно

ВИДЕО| Очаен навивач на Ливерпул: Не сакам да го гледам финалето, сакам да си одам дома

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian