Абрамович се прости од Челси: Беше чест да се биде дел од овој клуб

2 mins read

Сè уште актуелниот европски шампион Челси од денеска врти нов лист во клупската историја бидејќи доби нов сопственик во американскиот милијардер Тод Боли.

Роман Абрамович го напушта тимот од Лондон по речиси 20 години бидејќи беше приморан да го продаде клубот поради неговите врски со рускиот претседател Владимир Путин кој изврши воена инвазија врз Украина.

Владата на Обединетото Кралство му го замрзна имотот и го примора Абрамович да го стави на продажба Челси кој денеска доби нов сопственик во конзорциумот предводен од американскиот милијардер, Тод Боли.

Челси под водство на Абрамович освои 19 титули, од кои пет во Премиер лигата и две во Лигата на шампионите.
Русинот денеска со емотивно обраќање се прости од навивачите и сите вработени во Челси.

– Поминаа речиси три месеци откако објавив дека имам намера да го продадам Челси. За тоа време, тимот работеше напорно за да го најде вистинскиот сопственик за Челси кој би бил најдобро позициониран успешно да го води клубот во неговото идно поглавје. Сопственоста на овој клуб доаѓа со голема одговорност. Откако дојдов во Челси пред речиси дваесет години, од прва рака бев сведок на сите успеси на овој клуб. Мојата цел беше да се осигурам дека следниот сопственик има начин на размислување што ќе овозможи понатамошни успеси на машкиот и на женскиот тим, како и волја и желба да продолжиме да ги развиваме другите клучни аспекти на клубот, како што се Академијата и работата на Фондацијата Челзи. Задоволен сум дека дојде до успешен договор. Додека го предавам Челси на неговите нови сопственици, би сакал да им посакам се најдобро, и на теренот и надвор од него. Беше чест цел живот да се биде дел од овој клуб – би сакал да им се заблагодарам на сите минати и сегашни играчи, персоналот и секако навивачите на клубот за овие неверојатни години. Горд сум што како резултат на нашите заеднички успеси, милиони луѓе сега ќе имаат корист од новата добротворна фондација која се формира. Ова е наследството што го создадовме заедно. Ви благодарам. Роман – стои во објавата на Абрамович.

Официјално: Крај на ерата на Абрамович, Челси има нов сопственик

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Голема крводарителска акција во просториите на Град Скопје

Следно

ФОТО | Џамбо Агушев стана татко по четврти пат: Добредојде мила ќерко…

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian