ВИДЕО | Се снима турска серија во Скопје: Македонка се вљубува во „забранет“ маж

1 min read

Објавен е првиот трејлер за серијата „Balkan Ninnisi“ кој летово ќе се емитува во Турција. Првиот трејлер од серијата, која почна да се снима во Скопје минатата недела, привлече големо внимание.

Серијата ја раскажува невозможната љубовна приказна која се случува во Скопје, градот кој го дели реката Вардар, а го поврзува Камениот мост.

Серијата ќе допре до искрените, веселите и забавните приказни на балканските луѓе, а несомнено ќе го привлече вниманието и со својата маестрална актерска екипа. Турските актери Ердал Озијагчилар и Озлем Туркад се во главни улоги, како и Хакан Бојав, Кан Колукиса, Сузан Акбелге, Сарп Бозкурт, Ѓезде Чигачи, Емине Каралиман Суранлеј, Тургут и Ербан Шабан.

Невозможната љубов на двајца млади луѓе од различна националност

Турските медиуми пишуваат дека „Balkan Ninnisi“ ја раскажува приказната за љубовта на двајца млади луѓе од различни националности во Скопје кој беше отомански град цели 600 години и каде на едната страна живееја Турци и Албанци, а на другата Македонците.

Режисер е Доган Умит Караџа кој ќе отслика делови од животот на турските и македонските семејства и двајца млади луѓе кои се сакаат до смрт, кои се сретнале во историска палата како пресврт на судбината.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Почнува плеј-офот, МЗТ Скопје и Пелистер фаворити за шампионската титула

Следно

ЕУ ќе купи вакцини и таблети против мајмунски сипаници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian