ВИДЕО | Панова: Интерпелацијата на Џафери е неминовна, да видиме како ќе одлучи мнозинството пратеници

2 mins read

Како ВМРО-ДПМНЕ планира да ја изведе интерпелацијата за претседателот на Собранието, Талат Џафери, кога е свесна за распоредот на силите во Парламентот. На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со Ели Панова, заменик координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Секоја една комуникација може да се одвива на едно завидно ниво, доколку има основни услови за тоа. Но сведоци сме дека во иzминатиов период, она што се случува во Собранието ескалира. Имено, ако во Македонија повеќе од една година имаме прогласено четири кризни состојби, по објавувањето на опозицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе направиме нова акција, наречена активна блокада, ќе видите дека имаме прогласено една „нервозна“ состојба во Собранието, која што кулуминираше во последниот период, додава Панова.

Претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања Панчо Минов закажа комисиска расправа за интепелацијата на Џафери на 6 јуни.

-Ние пред 10 дена испративме материјал кај претседателот на оваа Комисија. Расправата е закажана на 6 јуни. Се надевам дека ќе се одважи да го осуди однесувањето на Талат Џафери во Собранието и ќе донесе одредени мерки како јавна опомена, тоа се тешки повреди на Етичкиот кодекс, суспензија до членување во работно тело од еден месец или забрана за претседавање со работно тело. Сето тоа би било во прилог на интерпелацијата која ќе ја поднесеме, вели Панова.

На прашањето како ВМРО-ДПМНЕ планира да ја спроведе интерпелацијата кога во Собранието е јасен распоредот на силите, Панова одговори:

-Јасен е распоредот на силите. Јасен е и патот на интерпелациите кои ги поднесувавме во изминатиот период. Верувајте дека доколку имате малку дигнитет и достоинство треба да бидете прв меѓу еднаквите, ако се има кредибилитет во работата треба да ја ставите оваа интерпелација на дневен ред па да се види како ќе одлучи мнозинството. Ова понижување какво што се случува во моментов во Собранието не е дозволено и верувајте дека не им е мило ниту на пратениците од власта, ниту на пратениците од помалите политички партии, ниту на пратенциите од власта. Се надеваме дека ќе разговараме па ќе видиме како ќе помине, рече Панова.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Колегите и пријателите се простуваат од големиот Реј Лиота

Следно

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје следната среда организира крводарителска акција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian