ВИДЕО: Црвена звезда поведе во АБА финалето против Партизан

1 min read

Кошаркарите на Црвена звезда го направија првиот чекор кон одбрана на титулата шампион во АБА лигата. Играчите на Дејан Радоњиќ го совладаа „вечниот ривал“ Партизан со резултат 90:76 и поведоа со 1:0 во победи во финалната плеј-оф серија.

Вториот натпревар од серијата, во кој домаќини повторно ќе бидат „црвено-белите“, на програмата е во недела на 29 мај од 20.00 часот, а третиот дуел е закажан за в среда од 20.30 часот. Доколку биде потребно, четвртиот натпревар ќе се игра на 3 јуни, а петтиот на 6 јуни.

„Црвено-белите“ освоија пет од претходните шест изданија на АБА-лигата (без сезоната која беше прекината поради ковид пандемијата), а Партизан не беше во финалето од 2013 година. Партизан е најтрофејниот тим во историјата на АБА лигата – има шест титули, една повеќе од Црвена звезда.

Дури пет играчи на Црвена звезда вечерва имаа двоцифрен поентерски учинок, а како најефикасен се истакна Ивановиќ со 18 поени и пет асистенции.

Во редовите на Партизан Американецот Пантер запиша 15 поени, додека Мур имаше четири коша помалку.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Директорот Енузи: Денес потпишавме меморандум за соработка меѓу градот Скопје и градот Коња во Турција

Следно

Каде е бебето? Трудница покажа колкав е нејзиниот стомак пред породувањето, луѓето во неверување

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian