Во печатеното викенд-издание на „Слободен печат“ можете да прочитате:
Хроника
Финансиската полиција уапси директори на „ЕВН Електрани“: Поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ жнееле евра на „Делчевски ниви“?
-Според истражителите, парцелите биле продадени на ЕВН Електрани по цена од околу 800 денари за метар квадратен, а сопствениците на дел од земјиштето само три недели претходно го купиле по цена од 15 до 20 денари за м2.
-Осомничени се Игор Гиевски, поранешен лидер на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Мирослав Митровски, син на Сокол Митровски, Дарко Тодоровски, поранешен општински советник во Делчево, Орце Тодоровски Ефто, близок пријател на Мицкоски, брачната двојка Влатко и Марија Илиевски и бизнисменот од Делчево, Дарко Ќурчиски.
Вонреден коалициски совет во Софија: Петков ќе ги информира бугарските партии до каде се преговорите со Македонија
-Петков најави свикување состанок на коалицискиот совет при посетата на Рим и Ватикан на 24 мај, како и информација од бугарското МНР за текот на разговорите со Северна Македонија.
Црвенковски на дебата за надворешната политика: Договорот со Бугарија со таква содржина беше грешка, ги влоши односите
– Македонската јавност и македонското општество во целина треба да се подготви, и од страна на власта и од страна на опозицијата, дека блокадата од Бугарија може да потрае подолг временски период и дека поради тоа нема да ги почнеме преговорите со Европската Унија, рече поранешниот претседател Бранко Црвенковски.
Економија
Институт „Фајненс тинк“: Буџетската дупка од 900 милиони евра да се финансира со странско задолжување
– Според „Фајненс тинк“, ревидираните макроекономски проекции во ребалансот, 3,2 отсто раст на БДП за 2022 година и 7,2 процента раст на трошоците за живот, се оптимистички
Скопје
Црвен крст на Град Скопје со помош за стотици бездомници кои и ова лето ќе го дочекаат под отворено небо
– Пунктот при Црвениот крст во Момин Поток, кој работи во текот на целата година, е место каде што сервисните услуги на бездомните лица им се даваат во среда кога се услужуваат 60 лица и во петок кога се услужуваат 100 лица.
Спорт
Лига на шампиони, судир на титаните во Париз: Реал Мадрид и Ливерпул во битка за европскиот трон
-Во финалето на Лигата на шампионите ќе играат екипи „тешки“ 19 европски титули, Реал Мадрид ќе игра за 14 трофеј, а Ливерпул ќе се бори за седмиот. Ова ќе биде трето меѓусебно финале на шпанскиот и англискиот тим во најквалитетното европско натпреварување.
Еспресо
Внуката на Ѓорѓија Пулевски, преубавата Ана, ја освојува и Германија како лекарка на Црвениот крст
-Ана Коцева е поранешната манекенка, а денес е лекарка во Германија каде што „младите лекари имаат почит и можност за напредок“.
Специјален прилог „Културен печат“
Интервју со Петар Пеца Поповиќ, новинарска легенда: Ми останаа само спомени и куп банкротирани соништа
Во организација на „Спона“ – Српски културно-информативен центар во Македонија, на 1 јуни во „Буква“ (19.30 часот), Пеца Поповиќ ќе го дополни својот замислен мозаик со уште едно важно камче, бидејќи Скопје отсекогаш претставувало важна станица во неговиот живот.