Шишковски: Ќе го оставиме срцето за Македонија на натпреварите во Лигата на нации

2 mins read

Македонската сениорска репрезентација се подготвува за јунските натпревари во Лигата „Ц“ од УЕФА Лигата на нации. Прв ривал ќе биде Бугарија на 2 јуни во Разград, па три дена подоцна ќе му гостуваме на Гибралтар.

На 9 јуни е третиот меч во Скопје против Грузија, а 12 јуни на Националната арена „Тодор Проески“ сме домаќини на Гибралтар.

Голманот на нашата А селекција, Дамјан Шишковски ветува дека ќе се даде максимумот да се оправдуваат нивните очекувања, но и оние на јавноста.

– Македонската јавност очекува многу, бидејќи ние тоа многупати го докажавме, и против Италија, и против Португалија, и наназад многу натпревари. Ние сме максимално спремни за тие четири натпревари во јуни, нашата селекција е подмладена, имаме неколку млади фудбалери кои се искусни, прволигаши во своите тимови – рече Шишковски.

Чуварот на мрежата многу добро го познава селекторот Благоја Милевски, веќе пет-шест години, кој знае што точно сака и бара од играчите.

– Селекторот најави дека сите фудбалери ќе настапат, тоа е нормално, бидејќи ќе имаме четири натпревари за 10 дена. Максимално тренираме, на секој собир сме подготвени. Доколку селекторот одлучи да направи промена, ќе бидеме подготвени да одговориме. Милевски знае што точно бара од нас и сите момци кои се сега во првиот тим, и помладите исто така ја поминаа таа млада У21 селекција под негова „палка“. Со резултатите кои ги направивме достигнавме сите да веруваат во нас, на секој натпревар ќе одиме на победа и ќе го оставиме срцето за Македонија – вели членот на кипарската екипа Докса, Шишковски.

Муслиу пред мечот со Бугарија: Секој натпревар е нова историја

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Рускиот патријарх Кирил го поздрави „повторното обединување на СПЦ и МПЦ-ОА“

Следно

Фотографијата која е прогласена за оптичка илузија на годината

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл – во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија, Македонија прифатила дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден

MacedonianEnglishAlbanian