Шампионски ритам на Ѓоковиќ, Бедене не беше достоен ривал на „Ролан Гарос“

2 mins read

Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на грен слем турнирот „Ролан Гарос“ каде во три сета убедливо го совлада Словенец Алјаж Бедене (32).

По еден час и 45 минути борба, Ѓоковиќ триумфираше со 3:0, по сетови 6:3, 6:3, 6:2, а следен ривал ќе му биде Аргентинецот Диего Шварцман кој претходно триумфираше над Григор Димитров од Бугарија.

Ова беше четврта пресметка меѓу Ѓоковиќ и Бедене, прва по пет години, а четврти пат триумфираше првиот светски рекет.

Бедене во првиот сет играше добро до шестиот гем, а потоа Новак направи брејк кој беше пресуден за освојувањето на сетот.Слично беше и во вториот сет, Ѓоковиќ стигна до брејк во третиот гем, а потоа рутински го освои и овој сет.

Што е најважно, Ѓоковиќ сервираше одлично, не му дозволи на Бедене ниту една брејк топка, се до почетокот на третиот сет кога Словенецот ја имаше таа можност, но не ја искористи. Ноле потоа направи брејк во четвртиот гем и лесно го одработи мечот до самиот крај.

Во женска конкуренција Алиаксандра Саснович продолжува да изненадува во Париз, откако претходно ја елиминираше Ема Радукани, денеска ја совлада и 21 носителка Анџелик Кербер од Германија со 6:4 и 7:6 (5).

Следна противничка на Белорусинката ќе биде Мартина Тревизан од Италија која со 2:0 (6:3, 6:4) славеше против Австралијката Дариа Савил.

Во другите мечеви: Бенчиќ – Фернандез 1:2, Гоф – Канепи 2:0, Грачева – Мертенс 0:2, а при резултат 1:1 во сетови, 3:0 во гемови во третиот сет за Анисимова, мечот го предаде Мухова.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сергеј Лавров на 7 јуни доаѓа во Белград

Следно

„Слободен печат“: Клучот е во приврзокот!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian