САД воведоа санкции за две руски банки поради поддршката на Северна Kореја

1 min read

САД денеска воведоа санкции за две руски банки – Далечниот Исток и Спутник банка – на севернокорејската компанија Ер Корио Трејдинг и Јонг Јонг Нам, претставник на организацијата со седиште во Белорусија, поврзана со Втората севернокорејска академија за природни науки.

„САД ќе продолжат да ги спроведуваат постојните и да воведуваат нови санкции, барајќи од Северна Кореја да се врати на дипломатијата и да се откаже од својата програма за развој на оружје за масовно уништување и балистички ракети“, изјави потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање Брајан Нелсон.

Санкциите се воведени поради „поддршка на севернокорејската програма за развој на оружје за масовно уништување“, соопшти американското Министерство за финансии.

Тој потег доаѓа еден ден откако Кина и Русија ставија вето на обидот на САД, Обединетите нации да воведат повеќе санкции врз Северна Кореја поради нејзиното лансирање балистички ракети, што го подели Советот за безбедност на ОН за првпат откако почна да го казнува Пјонгјанг во 2006 година.

kurir.mk

Претходно

„Слободен печат“: Клучот е во приврзокот!

Следно

Мицотакис за изјавите на Ердоган: На некои им пречи силна Грција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian