Рускиот патријарх Кирил го поздрави „повторното обединување на СПЦ и МПЦ-ОА“

1 min read

Патријархот московски и на цела Русија, Кирил, денеска го поздрави, како што наведе, „повторното обединување на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) со Српската православна црква (СПЦ)“, оценувајќи го како „значаен историски настан“, јавува МИА.

-Ќе ве информирам за еден ваков добар и важен историски настан – обновувањето на комуникацијата меѓу Српската патријаршија и Охридската архиепископија, рече патријархот Кирил на седницата на Светиот синод на Руската православна црква, јавија руските медиуми.

Патријархот Кирил напомена дека се работи за долга поделба, што „конечно е исцелена“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кога трудниците не смеат да летаат со авион?

Следно

Шишковски: Ќе го оставиме срцето за Македонија на натпреварите во Лигата на нации

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian