Рак на белите дробови: Дали пушачите се поподложни на оваа болест?

5 mins read

Секоја година се пријавуваат голем број пациенти што боледуваат од рак на белите дробови, кои се поврзани со пасивното пушење и изложеноста на радон.

Честопати се изнесуваат непрофесионални тврдења поврзани со ракот на белите дробови. Лекарите наведуваат дека станува збор за сериозна болест, која може да се лекува доколку навреме се открие. Според податоците од 2020 година, во светот се регистрирани 2,21 милиони нови случаи, а 1,8 милиони луѓе ја загубиле битката со ракот на белите дробови.

Само пушачите заболуваат од рак на белите дробови

Не постои научен доказ дека тоа е точно, бидејќи ракот на белите дробови се дијагностицира и кај непушачите. Доктор Фред Р. Хирш од Институтот за рак Синај Тиш во Њујорк, САД, вели дека овој став не е коректен и дека за многумина е штетен мит, кој може да доведе до стигматизација на некои луѓе.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести забележува дека 10 до 20 проценти од луѓето со рак на белите дробови никогаш не пушеле или испушиле помалку од 100 цигари во текот на нивниот живот. Експертите наведуваат дека секоја година се евидентираат голем број пациенти со карцином на белите дробови, кои се поврзани со пасивно пушење и изложеност на радон.

Не постои начин да се спречи ракот на белите дробови

Д-р Хирш истакнува дека не е точно дека ракот на белите дробови не може да се спречи, тој вели дека постојат неколку начини на кои можеме да го спречиме ризикот од рак на белите дробови, прва и најосновна работа е превенцијата и откажувањето од пушење. Овој експерт предупредува и на пасивното пушење.

„Непушачите што се изложени на пасивно пушење на работа или дома, имаат 20 до 30 проценти поголем ризик да добијат рак на белите дробови“, вели д-р Хирш.

Скринингот за рак на белите дробови кај пушачите постари од 50 години, кои пушат по една кутија цигари дневно повеќе од две децении, може да го намали ризикот од развој на болеста за 20 отсто, сметаат експертите.

Само постарите лица заболуваат од рак на белите дробови

Д-р Хирш вели дека ова не е точно. Иако на повеќе од 50 отсто од луѓето постари од 65 години им е дијагностициран рак на белите дробови, болеста сè повеќе се јавува и кај луѓе помлади од 50 години.

Пушам со години, зошто сега да се откажам

Лекарите тврдат дека откажувањето од пушење во голема мера го намалува ризикот од развој на болеста. Откажувањето на цигарите го намалува и ризикот од појава на некои други срцеви заболувања, остеопороза, дијабетес. Не е важно колку години имате или колку долго пушите, кога ќе се откажете од тутунот, тоа секогаш ќе има добро влијание врз вашето здравје, тоа може да гарантира подолг живот, полесно дишење, повеќе енергија и заштеди, велат експертите.

Употребата на канабис не го зголемува ризикот од рак на белите дробови

Д-р Хирш истакнува дека употребата на канабис е исто така еден од факторите на ризик, но додава дека епидемиолошките истражувања за врската помеѓу канабисот и ракот на белите дробови се ограничени и контрадикторни. Една од тешкотиите е фактот што голем број луѓе користат канабис и обични цигари истовремено.

Ракот на белите дробови е придружен со симптоми

За жал, ракот на белите дробови може да се појави без јасни симптоми и знаци на болеста, па ова тврдење е уште една во низата невистини. Ракот на белите дробови може да се открие и кај асимптоматски случаи или кај луѓе со знаци на благи респираторни симптоми, вели д-р Хирш. Ова е една од причините зошто скринингот за рак на белите дробови кај лицата со висок ризик е толку важен. Лекарите повторуваат дека раното откривање на ракот на белите дробови ја зголемува стапката на преживување. Многу експерти што го проучуваат ракот на белите дробови се надеваат дека оваа болест во блиска иднина ќе стане хронична болест.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се укинува „бензискиот туризам“ во Унгарија, само Унгарците ќе купуваат бензин по намалена цена

Следно

ВИДЕО | Трајковска: Ова забрзување на инфлацијата секако ќе ни изеде една цела плата колкава и да била

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian