Проф. Спасеновски и отец Доситеј од Бигорски се сретнаа со Вселенскиот патријарх Вартоломеј во Грција

2 mins read

Професорот на Правниот факултет од Скопје, Александар Спасеновски и архимандритот од манастирот Св. Јован Бигорски, Отец Доситеј, во Грција имале средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Спасеновски бил гостин на дел од настаните што беа организирани за време на посетата на Вартоломеј на Грција, каде и разговарале со Вселенскиот патријарх.

Како што објави Бигорскиот манастир, проф. Спасеновски и Отец Доситеј му се заблагодариле на Патријархот за неговата грижа за Црквата и за историската и визионерска одлука со која ја призна каноничнста на МПЦ-ОА.

Професорот Спасеновски во изјава за американското радио „Флорида“ ја потенцирал благодарноста до организаторите на овој настан за поканата да бидат дел од посетата на Вселенскиот Патријарх.

-За нас како луѓе кои за првпат имаат можност да се сретат со личности од Вселенската Патријаршија по историската одлука од 9 мај, овој настан претставува повод за да ја искажеме својата благодарност од историската одлука на Вселенската Патријаршија за признавање на канонскиот статус на нашата Црква… Конечно се надевам и дека ќе можеме да ги споделиме нашите очекувања дека финалето на овој историски процес којшто започна на 9 мај успешно ќе биде заокружен на 12 јуни, кога нашиот Архиепископ и нашите верници ќе имаат можност во седиштето на Вселенската Патријаршија да бидат дел од историскиот настан во кој заедно ќе сослужуваат нашиот Архиепископ Стефан и Вселенскиот Патријарх Вартоломеј“, изјавил Спасеновски.

Инаку, Вартоломеј вчера попладне одржал поздравен говор на Универзитетот Аристотел во Солун на теолошката конференција организирана во негова чест. Притоа, сите учесници на конференцијата го поздравиле и му честитале за одлуката од 9 мај оваа година, со која тој ја прими Охридската Архиепископија во канонско и евхаристиско единство.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | „Одличен за мојата кукла Барби“: Нарачала фустан преку интернет, а тоа што пристигнало е неверојатно

Следно

МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер имаа победнички старт во плеј-офот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian