Почнува плеј-офот, МЗТ Скопје и Пелистер фаворити за шампионската титула

2 mins read

МЗТ Скопје Аеродром или ТФТ, Пелистер или Еуро Никел 2005, овие четири екипи ќе бидат дел од полуфиналниот филтер од доигрувањето за шампионскиот пехар наменет за најдобриот во Првата лига-мажи за сезоната 2021/2022.

Последното коло од Суперлигата одлучи екипите на Еуро Никел 2005 и на ТФТ да им се придружат на водечките МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер.

Во исто време и да ги формираат двете полуфинални двојки од кои ќе станат јасни и финалистите кој ќе се борат за титулата државен првак за сезоната 2021/2022.

Според она што се случуваше во изминатиот период од сезоната, МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер стартуваат како фаворити.

Горан Самарџиев, шефот н стручниот штаб на Еуро Никел 2005 им ја препушта улогата на фаворити на битолчани.

– Ова полуфинале нека биде празник на кошарката, и нека победи подобриот тим. Еуро Никел 2005 е спремен за ова полуфинале со Пелистер и се надевам дека играчите ќе го дадат својот максимум, бидејќи полуфинале на плеј-оф не се игра секој ден. И овие натпревари се многу поразлични од првенствените, каде што сега нема право на грешки, и се игра до два добиени натпревари. Пелистер е фаворит, бидејќи игра на домашен терен. Но, ние сме екипа која е искусна и ќе гледаме тоа да го покажеме на теренот. Очекувам полна сала во Битола, и одличен натпревар, па нека победи подобриот – вели Самарџиев.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ – ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ

ДВОЈКИ, ПРВИ НАТПРЕВАРИ

27. МАЈ (ПЕТОК)

18.30 часот Пелистер – Еуро Никел 2005

19.00 часот МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Градски паркинг со санкции за 122 непрописно паркирани возила на зелени јавни површини

Следно

ВИДЕО | Се снима турска серија во Скопје: Македонка се вљубува во „забранет“ маж

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian