Почина мајката на Алек Болдвин: Таа живееше живот на борец

1 min read

Керол М. Болдвин, мајката на Алек Болдвин, почина денеска на 93-годишна возраст. Семејството се прости од неа со објава на официјалниот инстаграм-профил на актерот.

„Керол М.Болдвин, мајката на актерите Алек, Даниел, Вилијам и Стивен Болдвин и двете ќерки Елизабет и Џејн почина денеска во Сиракуза, Њујорк. Таа имаше 92 години“, стои во описот на фотографијата.

„Во 1991 година ѝ беше дијагностициран рак на дојка. Таа ја преживеа болеста и се приклучи на група за поддршка за преживеани од рак на дојка во Лонг Ајленд. Во соработка со Универзитетот Стони Брук и со поддршка на тогашната претседателка на Универзитетот Ширли Струм Кени, во кампусот беше отворен Фондот за истражување на рак на дојка Керол М. Болдвин“, се вели во соопштението, во кое се додава дека фондот собрал милиони долари.

Во соопштението стои и цитат на Алек кога во една прилика зборувал за својата мајка…

„Таа ме научи дека мажот во животот може да се посвети на различни работи, а не само на една. Во последните 25 години таа живее живот на борец и победник, фокусирана на целта на која ѝ посвети толку многу енергија. Сите сме многу горди на нејзиниот успех“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЕУ ќе купи вакцини и таблети против мајмунски сипаници

Следно

Ковачевски: Покачување на платите на универзитетските професори ќе има од септември

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian