Почина Ендрју Флечер, клавијатуристот и основач на „Depeche Mode“

2 mins read

Почина Ендрју Флечер, легендарниот клавијатурист на „Depeche Mode“. Тој почина на 61-годишна возраст. Веста на социјалните мрежи, ја соопшти неговот бенд.

„Шокирани сме и преплавени со тага поради прераната смрт на нашиот драг пријател, член на семејството и колега од бендот Енди Флеч Флечер“, стои во соопштението. „ Флеч навистина имаше златно срце и секогаш беше тука кога имавте потребна од поддршка, жив разговор, добра смеа, или ладно пиво. Нашите срца се со неговото семејство. Ве молиме да го сочувате во вашите мисли и да ја почитувате семејната приватност во овој тежок период“.

Флечер го основал бендот „Depeche Mode“ заедно со клавијатуристот Винс Кларк. На почетокот свиреше на бас, но набрзо се префрли на клавијатури и синтисајзери, никогаш целосно не го напушта првиот инструмент.

Набргу по основањето на бендот, Мартин Гор и Дејв Гахан, сегашни членови на бендот, се приклучија на бендот. Од албумот „Speak and Spell“ кој излезе во 1981 година, Ендрју честопати беше задолжен за менаџерскиот дел на бендот и беше познат како „лепакот“ на „Depeche Mode“, одржувајќи ги членовите заедно и покрај предизвикувачките периоди низ кои бендот помина во годините на успех на „Violator“ во 1990 година и „Songs of Faith and Devotion“ во 1993 година кога пејачот Дејв Гахан се обиде да се самоубие поради злоупотреба на дрога, а Алан Вајлдер, другиот член на бендот, ја напушти групата поради тензиите со Гор и Флечер.

Со текот на годините Флечер имаше и соло кариера како диџеј. Тој беше во брак со љубовта на неговиот живот, Граин Мулан. Зад себе ги остави двете деца, Меган и Џо. Во 2020 година, Флечер стана почесен член на Рокенрол Куќата на славните.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Голден Стејт е првиот финалист во НБА лигата

Следно

ФОТО | Османи пристигна во Киев: Изгледот не лаже

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian