По 40 години повторно заедно: Членовите на групата „АББА“ се појавија пред фановите

1 min read

Сите четири членови на култниот шведски бенд „АББА“ се собраа во четвртокот во Лондон за првпат од 1982 година на премиерната вечера на нивниот виртуелен спектакл „Voyage“.

Шведските поп суперѕвезди – Бјорн Улвеус, Бени Андерсон, Агнета Фалцки и Ани-Фрид Лингстад ​​- последен пат во престолнината на Велика Британија се појавија заедно во 1982 година во забавното шоу „The Late Late Breakfast“ чиј водител беше Ноел Едмондс.

Фото: Профимедиа

Спектаклот, кој започнува денес, петок (27 мај), е предвидено да се одржува седум пати неделно до почетокот на октомври, со виртуелен концерт по повод настапот на „Abbatar“, односно холограм од членовите на бендот кои изведуваат песни во живо со десетчлениот бенд.

Тие имаат продадено над 400 милиони албуми и синглови

Во изјавите на црвениот тепих пред наменски изградената „АББА Арена“ во Олимпискиот парк на кралицата Елизабета во источен Лондон, Фалцки изјави дека е прекрасно да се видат сите овие англиски фанови, а Лингстад ​​рече дека со нетрпение ја очекува изведбата на хитот „Mamma Mia“.

Зборувајќи за тоа зошто толку многу уживала во овој проект, Лингстад ​​како највозбудливо го издвоила тоа што групата се собрала после толку време во кое не работеле заедно како бенд. Покрај тоа што Велика Британија им е многу блиска и имаат многу обожаватели во неа, Улвеус рече дека ја избрале таа земја за проектот затоа што има инфраструктура за такви големи настани.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Крстевски од Вардар направи трансфер во РК Бутел

Следно

На раководна функција ќе се доаѓа само со стручност, без партиски врски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian