Меган Маркл во четвртокот го посети Увалде, Тексас за да им оддаде почит на жртвите од пукањето во основно училиште во кое животот го загубија 19 ученици и двајца наставници.
Меган, која живее во Калифорнија со својот сопруг принцот Хари и нивните две деца, беше забележана како положува бели цвеќиња со виолетова лента на спомен-гробиштата пред судот во Увалде. Таа потоа клекна и ја наведна главата пред крстот за 10-годишната жртва Узијаха Гарсија.
Војвотката од Сасекс ги прекрсти рацете додека шеташе наоколу гледајќи ги спомениците на жртвите. Беше лежерно облечена во фармерки, патики и бејзбол капа.
„Меган допатува како мајка, за лично да изрази сочувство и поддршка на заедницата која се соочува со незамислива тага“, рече нејзиниот портпарол.
Ова не е првпат Меган да одлучи лично да им оддаде почит на жртви. Во 2019 година, Меган и Хари со нивниот син Арчи и ќерката Лилибет им оддадоа почит на жртвите на терористичкиот напад во Крајстчерч, Нов Зеланд, во кој загинаа 50 луѓе, а десетици беа ранети откако напаѓач отвори оган во две џамии. Тогаш тие пред амбасадата на Нов Зеланд оставија цвеќе и се потпишаа во книгата на жалост.
„Наше најдлабоко сочувство. Ние сме со вас“, напиша Меган, а Хари го потпиша своето име со „Арохануи“, што на маорски значи „најдобри желби“.